|
Леснина Инженеринг е приватно претпријатие основано во 1994 година, како еден од
правните наследници на Леснина-Словенија.
Дејност на организацијата:
Изведба на инженеринг проекти, трговија со градежни материјали (на големо и мало), производство и трговија на мебел, еко-плочи и производи од дрво.
Број на вработени: 75
Мисија:
Одржување и постојано обезбедување на највисоките стандарди
во понудата, продажбата и изведбата на инженеринг проекти.
Цели:
- Квалитетот на производи и услуги мора да биде на највисоко можно ниво,
да биде мерлив и во склад со политиката за квалитет на Леснина инженеринг
- Изнаоѓање на стратешки партнер/партнери
за истражување и развој за изградба на современ мултифункционален инженеринг градежен центар
- Зголемување на учеството во пазарот
- Зголемување на профитабилноста
- Финансиска стабилност
- Развој на менаџментот
- Благосостојба на вработените
Политика за квалитет:
Примарна цел на Леснина инженеринг е постојано да го зголемува задоволството на купувачите, а со тоа и пазарот за своите производи.
Затоа сите наши активности се насочени кон купувачите.
Со примена на политиката за квалитет и системот за квалитет од страна на сите вработени
ќе обезбедиме задоволување на барањата на купувачите, вработените, менаџментот, добавувачите, подизведувачите и животната средина.
|