Werner Seel од Берлин , Германија се смета за пронаоѓач на монтажните куќи (Sell-Fertighaus GmbH). После Втората Светска Војна неговата компанија изградила преку 5000 монтажни куќи во Германија за потребите на окупациските сили од Соединетите Американски држави. После ова се појавуваат повеќе компании кои градат монтажни куќи во повоениот период низ цела Европа како привремена замена за домување на луѓето кои ги изгубиле своите домови. Покрај намената на овие монтажни куќи да бидат од строго привремен карактер, сепак во нив и понатаму живеат луѓе и по толку години по завршувањето на војната. Од тие причини ваквиот тип на градба постанува широко применуван во Европа и Северна Америка кон крајот на дваесетиот и почетокот на дваесет и првиот век.
Нискоенергетска куќа е секој тип на куќа која се разликува по својот дизајн, технологијата на производство и ниската потрошувачка на енергија од било кој извор од традиционалните или современите просечни куќи. Во праксата тие се енергетско ефикасни домови кои ја намалуваат потрошувачката на енергија и до 4 - 5 пати во споредба со класичните домови.
Овој тип на градба постанува популарен во Европа ( највеќе во Скандинавските земји ) , Канада и Соединетите Американски држави затоа што се релативно ефтини во споредба со многу постоечки домови кои ги има на пазарот. Модерните архитекти експериментирале со нискоенергетските куќи со цел да испорачаат добро дизајнирани и масивно произведени домови.