БРЗА ИЗГРАДБА
Градењето на ЛИНЕК-куќа подразбира изградба со префабрикувани елементи во големи ѕидови . Високиот степен на обработка на елементите овозможува многу кратко време за изградба која е прилично независна од надвореШните временски услови . Според тоа многу прецизно може да се планираат поединечните фази во изградбата со точно определен датум на вселување .
Нашата услуга зависи од Вашите желби и потреби. ЛИНЕК програмата овозможува градење на куќа до надворено затварање на истата или до клуч на рака, па така можете и самите во голема мера да соработувате во нејзината изградба. Куќата изградена по системот “ клуч на рака “ значи брзо вселување без ваш ангажман .

СИГУРНОСТ ОД ПОЖАР

Дрвото поднесува пожарно оптеретување повеЌе од бетонот и челикот. На површината од слепеното дрво настанува тенок јагленисан слој кој не му овозможува пристап на кислородот со што спречува огнот да напредува .
Технички сувото дрво ( 10 % влажност ) е прилично слаб проводник на топлина и поради тоа подолго се одржува на оган.
Пожарната отпорност на изолираниот ѕид од масивно дрво изнесува 65 минути .

СИГУРНОСТ ОД ПОТРЕСИ

Дрвената носива конструкција многу е посигурна при потреси за разлика од ѕиданата, затоа што одлично поднесува оптеретување на притисок или изтегнување како и на моментални свивања. Дрвото е еластично и за разлика од бетонот одлично се прилагодува на јаки оптеретувања на притисок. Поради поволниот сооднос помеѓу сопствената тежина и носивоста , погодно е да се употребува и за објекти кои се градат на тло со слаба носивост .