НИСКОЕНЕРГЕТСКА КУЌА
Од сите градежни материјали , дрвото е енергетски најштедливо бидејЌи во неговиот животен циклус троши најмалку енергија. При сечење и обработка приближно трошиме 30 кЊх/м3 , за бетонот таа потрошувачка е 10 пати поголема, а за железото е дури 30 пати повеЌе. Дрвото е слаб проводник на топлина и добар изолационен материјал, ги одбива сончевите зраци, а ја абсорбира топлината .
Системот за изградба на ЛИНЕК-куќи од масивно дрво се разликува од сите досегашни системи на изградба и подразбира значаен напредок во таа област. Технологијата која се користи за изградба на ЛИНЕК-куќа ги задоволува сите еколошки барања .
Систем ЛИНЕК-куќа
Системот за изградба на ЛИНЕК-куќа подразбира изградба на куќа со крупнопанелен систем т.е. Фабрички произведени монтажни ѕидови кои овозможуваат брза монтажа. Конструкцијата е изградена од масивни, ламелирани, технички суви и заштитени греди кои меѓусебно се споени со висококвалитетни челични плочки кои и овозможуваат голема сигурност на целата конструкција. Вака конструираната конструкција од двете страни се затвара со ОСБ-плоча или го гипс-картон плоча , а внатрешноста се исполнува со термоизолационен материјал. Во зависност од желбата на инвеститиорт, ѕидните панели можат да се направат со поголема дебелина што би значело и поголеми изолациони својства. Надворешните страни може да бидат обложени со дрвена ламперија или да се со класична фасада во зависнос од желбите на инвеститорот .
Оптимални климатски услови во просторот
Дрвото во потполност позитивно влијае на расположението и имунолошкиот систем на луѓето. Големиот број истражувања покажуваат необично висока моЌ на дрвото за апсорпција. Дрвените ѕидови можат да абсорбираат влага од просторот и да ја испуШтаат назад во просторот кога воздухот е сув. Активната регулација на влагата им осигурува на дрвените ѕидови најдобри климатски услови во просторот .
Сочувување на здравјето
Голем број стручни мислења исто така потврдуваат дека живеењето во дрвена куќа е посебно препорачливо за лица кои имаат алергии . Д-р. Стефан Шимф , превентивен лекар и имунолог од Салзбург наведува: Поради сопствените способности за дизајн и апсорпција дрвото делува како биолошки филтер. Воздухот исполнет со штетни честички , бактерии , вируси и штетници во дрвото , низ порите може да се прочисти и да се врати чист во просторот. Таквиот воздух, добро прочистен од штетните нешта и од бактериите, благотворно ќе делува на имунолошкиот систем со што помага трајно да го сочуваме здравјето .