Дрво – за добрина во просторот
Нискоенергетските куќи имаат највисок степен на топлотна заштита. Дрвото содржи келии исполнети со воздух и низ нив топлиот и ладниот воздух се пробиваат во помал сооднос за разлика од другите градежни материјали .
Во нискоенергетските куќи ЛИНЕК , температурата се изедначува на природен начин , со што се создава погодна атмосфера и рокови за живеење. Поради големата порозност на дрвото и малата топлинска спроводливост , дрвените површини постигнуваат пријатен сооднос и рамнотежа со надворешната температура. Според ова за истите удобни чувства се употребува помалку енергија за разлика од бетонските или пак ѕиданите ѕидови .

Топлинска заштита – природна изолација
Изолацијата од дрвените влакна е во голема предност пред останатите бидејќи е добар изолатор и во лето и во зима. Вообичаената топлотна изолација пред се добро спречува секакви природни ладни влијанија во зима што не е доволно да не заШтити од летните горештини .

Погодна температура во просторот – смена по фази
Добриот материјал мора поволно да влијае на климатските услови во просторот , одликувајќи се со ниска топлотна проводливост и висок топлински капацитет што му дава способност за чување на топлината. Двете својства даваат податок на т.н. Фазна смена , која нас ни покажува во кој период се чува топлина во просторот . Изолациските карактеристики на дрвените влакна остваруваат и до 14 часови Фазна смена, што значи дека дрвената изолација осигурува удобна температура во просторот во текот на целиот ден .

Заштеда на енергија
Факторот за топлинска спроводливост на надворешниот ѕид од програмата на ЛИНЕК со дебелина на изолацијата од 15 цм изнесува 0,22 Њ/м2К . Дебелината на изолациониот слој може да се зголеми па затоа факторот за топлинска спроводливост варира од 0,15 до 0,25 Њ/м2К , со што годишната потроШувачка на гориво може дополнително да се намали .

Предности на монтажната куќа

• Брзина на градба
• Чиста градба
• Примена на здрави , еколоШки и висококвалитетни материјали
• Отпорност на земјотреси
• Отпорност на пожар
• Врвна термичка и звучна изолација
( нашите ѕидови имаат коефициент на топлотна спроводливост од 0,137 до 0.25 Њ/м2К _ споредбено со ѕид од шуплива тула со дебелина од 25цм кај кого овој коефициент е 1,1 Њ/м2К , значи дека треба да има 200цм дебел ѕид од шуплива тула кој би го имал коефициентот на топлотна спроводливост како нашиот ѕид )
• Нема кондензација на водена пареа во ѕидовите
• Поголема искористеност на просторот , поголема стамбена поврШина за 8% од класичната градба
• Ниски трошоци за одржување
• Флексибилност кон вашите идеи
• Ниска и однапред позната цена