Производство
Фабриката за производство на нискоенергетски куЌи ЛИНЕК дом се наоѓа во Кочани. Изработката се извршува во добро опремена хала со соодветни машини и алати за специфичните потребите при изработка. Производството го извршуваат квалитетно обучени и одговорни мајстори предводени од двајца инжинери кои се грижат за високо квалитетна изработка. Нашето производство се темели на квалитет па поради тоа се користат квалитетни материјали со сите потребни сертификати и специфични карактеристики за да се задоволат сите потребни стандарди за квалитетна градба. Карактеристика за нашето производство е можноста да се формираат ѕидните панели целосно формирани затворени со гипс-картон плочи од внатреШна, а фасада од надворешна страна. Исто така панелите се со вградени врати и прозори како и поставена примарна електична инсталација во внатрешноста на панелот. Специфично за нашето производство е прицврстувањето и укрутувањето на конструкцијата на панелот со помош на челични сегменти. Тие се поставуваат на споевите од конструкцијата со хидраулична преса под висок притисок кои не дозволуваат пукнатини на конструкцијата и појавување на топлински мостови, со што се овозможува голема сигурност на самата конструкција. Вака подготвените панели се транспортираат на местото каде што треба на се монтираат, а со оглед на тоа што тие се целосно формирани монтажата би траела многу краток период.




Монтажа
Монтажата на нискоенергетска куЌа се изведува на предходно подготвена бетонска подлога (фундамент) од страна на инвеститорот и доведени инсталации за вода и струја до фундаментот. Предходно изработените панели од фабриката во Кочани се транспортираат до локацијата каде што треба да бидат монтирани со помош на шлепери. Најпревен пред да започне монтирањето на панелите врз фунадаментот се поставуваат венчани греди кои се нивелираат и врз кои ќе треба да се постават панелите. Поради изработката на панелите до степан на завршна фаза се овозможува монтажата да биде многу кратка. Панелите се монтираат со помош на авто-дигалка која дирекно од шлеперо ги префрла врз фундаментот, а спојувањето помеѓу нив е со специјални сегменти (спојни средства составени од два дела кои се поставуваат по еден на двата панели кои треба да се спојат меѓусебно произведени во Германија со ЕУР стандард ) кои овозможуваат сигурна и стабилна поврзаност. Покрај овие спојни средстства се користат и квалитетни челични завртки исто така со ЕУР стандар кои не се пократки од 220 мм. Одкако сите панели ќе бидат поставени куЌата се затвара со кровен покривач и со тоа се стигнува да фазата затворена карабина по што во зависнот од желбата на инвеститорот започнуваат градежно-занатските работи и комплетирање на куќата до фаза клуч на рака.



