Споредба помеѓу ЛИНЕК системот и класичниот начин на градба, градењето на монтажни и полумонтажни куќи е поквалитетно отколку класичниот начин на градење. Еве неколку примери во прилог на ова тврдење:
Градењето на класична куќа трае подолго. 'Мокрото градење” е долготрајно и бара ангажман на работна рака од различен профил: ѕидари, фасадери, молери, ектричари, водоводџии. Кај 'сувото градење“, или во случајов полумонтажното, се вградуваат готови, фабрички подготвено носачи и панели. Не се чека сушење на бетонот, нема бетономешалки, нема трошење на материјал за еднократна употреба (даски, шајки), нема континуирана промена на мајстори од различен профил на градилиштето. Целата куќа ја склопува една иста екипа од неколку монтери. Куќата за вселување може да биде подготвена и за време помало од месец дена.
Сите материјали кај ЛИНЕК градењето се првокласни. Носечките греди се направени од високу квалитетно лабараториски сушено дрво чие производство подлежи на строги контроли на квалитетит. Останатите материјали исто така се направени од реномирани производители познати по својот квалитет. Произлегува дека за помала цена се добива поквалитетна куќа.
Просторот помеѓу носечката дрвена конструкција овозможува вградување на подобра звучна и термичка изолација. ЛИНЕК куќата и во зима и во лето штеди енергија. Во заштедата на енергијата придонесуваат и квалитетните прозорци изработени од двослојно и трослојно стакло.
Потенките ѕидови придонесуваат внатрешниот корисен простор да е за барем 10% поголем отколку кај куќата со класична градба.

Конструкции со систем ЛИНЕК

а) Основен носечки елемент
Како основни носечки елемент се поставуваат високо квалитетни дрвени греди со соодветни димензии на напречен пресек во зависнос од потребата и статиката на конструкцијата. Димензиите на попречниот пресек се одбрани така да тој има најголем отпорен момент, голема крутост на притисок, затегнување, свиткување и извиткување. Носечките елементи помеѓу себе се споени најчесто со завртки и специјални челични елементи кои се поставуваат со помош на преса. Антикорозивно се заштитени со премаз на двокомпонентен антикорозивен премаз и со помош на цинкување.

б) Асеизмичнос
За разлика од сите познати начини на градба, класични и монтажни, системот ЛИНЕК има најголема издржливост кон сеизмични оптоварувања. Во нашава земја оваа карактеристика е една од најважните предности на овој систем.

в) Време на изработка

Краткото време на изградба е исто така една од најголемите предности на овој тип на градење на куќи. Елементите од носечката рамка претходно се скроени по облик и димензија соответно на карактеристиките на објектот. Монтажата на комплетно фабрички произведените панели врз претходно подготвена бетонска подлога може да се заврши за помалку од 5 работни дена. Елементите од оплатата и изолацијата исто така се претходно подготвени и скроени. Пред монтажата на оплатата се вградуваат електричната,телефонската, кабелската и водоводната инсталација. Целосната монтажа на куќата може да се заврши за околу 3 работни недели. Куќата може да биде готова за вселување за помалку од месец дена.

г) Отпорност кон други влијанија

Освен отпорноста кон земјотреси, ЛИНЕК куќите се отпорни на пожар, удар на гром, силни ветрови и термити.

д) Век на траење
Иако инвеститорите сакаат изградба на трајна куќа, вистина е дека со промената на начинот на живот, куќите по триесетина години на користење стануваат старомодни и нефункционални. Градењето на куќи со многу долг век на траење станува неразумно, но сепак куќите ЛИНЕК имаат век на траење од 100 и повеќе години.
е) Поголема искористеност
Поради помалата дебелина на ѕидовите, ЛИНЕК куќите имаат од 10 до 15% поголем внатрешен простор, што значи дека во однос на класичните куќи имаат поголема искористеност.
ж) Цена
Споредено со класичниот начин на градба (цемент, тули, малтер), кога ќе се земат во предвид работната рака и времето на изработка, ќе се констатира пристојна разлика во цените во корист на ЛИНЕК градбата.
з) Квалитет
Со текот на времето останатите градежни елементи (железо, бетон, тули и сл.) губат од својот квалитет. Лабараториски сушеното и хемиски третитаното не старее и не губи од својот квалитет. Самиот материјал од кој се изработени дрвените профили е произведен под строга контрола на стручните лица, наспроти бетонскиот столб на пример, направен со мешање на сомнителен сооднос на цемент, вода и песок, со исто така сомнителен квалитет и гранулација, контролирани од мајстор со сомнително знаење. Со текот на времето и под дејство на хемиски влијанија, железото и бетонот хемиски го менуваат својот состав, а со тоа и својот квалитет.

 

Опис на нискоенергетските куќи со ЛИНЕК систем на градба:
а) Носечка конструкција

- Носечката конструкција претставува просторна рамка изработена од дрвени носечки греди со различен попречен пресек и дебелина.
- Плафонските носачи би биле поврзани директно со хоризонталните структурни носачи. Тие би биле лесни и би имале голема крутост на свиткување. Би биле обликувани со потребните шуплини за премин на водоводната, канализационата и електричната инсталација.
- Преградните ѕидови. На ова место би можел целосно да се примени системот на КНАУФ за градба на внатрешни преградни ѕидови.
- Носачите на кровната конструкција со својот облик и димензија би овозможиле поткровјето да виде обликувано така да тоа може да служи и како простор за живеење. Од тие причини главните носечки елементи на кровната конструкција би требало да имаат потребни јакосни карактеристики.
б) Фасадна облога
Во зависност од желбата на инвеститорот, фасадната облога може да биде изработена од различни материјали:
- Фасадни облоги со класична демит фасада
- Фасадни облоги со дрвена одлога - ламперија
- Комбинација на предходните со додаток на други декоративни елементи.

в) Внатрешна оплата
Внатрешната облога на ѕидовите и на плафонот во целата куќа би била по системот на гипс-картонски ѕидни облоги.
г) Под

Под подната облога претходно би било потребно да се вгради квалитетна повеќеслојна топлинска и хидро изолација врз која мозе да се поставува патос, паркет, ламинат, плочки и секаков друг вид на подна облога.

д) Изолација
Р. Македонија се наоѓа во климатска зона во која зимите често се многу студени, а летата речиси секогаш се неподносливо жешки. Затоа е потребно ѕидовите на куќите да имаат добар коефициент на премин на топлина К. Со примената на повеќеслојна топлинска и звучна изолација, составена од повеќе разнородни материјали, коефициентот К може да се намали на вредоност дури под 4шЊм/К ќ.
Дебелината на ѕидот би зависела од типот на објектот (куќата), намената, квалитетот на изолацијата и од желбата на нарачателот.
Ние го препорачуваме системот ЛИНЕК Стандард :
1. Вертикални носечки елементи од дрвени греди со попречен пресек 6/14 цм
2. Долна и горна хоризонтална греда со истиот напречен пресек
3. Исполна на носивата конструкција со термоизолација - тервол 15 цм
4. ПЕ фолија како парна брана
5. Гипс-фазер плочи
6. Гипс картон плочи како внатрешна облога
7. Гипс-фазер плочи како надворешна облога врз кои се поставува фасадата
8. Демит фасада со дебелина на стиропор од 5 цм.