Статистичките податоци покажуваат дека во Р.Македонија поголемиот дел од населението живее во индивидуални станбени објекти - куќи. Во последно време тренд во главниот град на Р.М. е изградба на куќи на периферијата на градот како второ живеалиште, како и надградување на поткровја (мансарди) на колективни станбени објекти.
Во внатрешноста од државата, пак, поради забавената изградба на колективни станбени објекти продолжува трендот на изградба на индивидуални странбени објекти. Од една страна се забележува зголемување на бројот на изградени станбени објекти, додека од друга страна познато е дека кај населението владее голема беспарица. Од овие причини произлегува и нашата идејата на пазарот да му се понуди начин на брза и евтина монтажа на квалитетни станбени објекти.
Нискоенергетските индивидуални станбени објекти - куќи, целосно или делумно-монтажните куќи се најдобар начин да се постигне градба со висок квалитет, со кратко време на изработка, а со ниска цена на чинење. Кај нас кај поголемиот дел од луѓето сеуште владеат предрасуди кога се работи за монтажните куќи и за нив тие мислат дека не се доволно трајни, статички се нестабилни, немаат квалитетна завршна обработка, односно потсетуваат на бараки за привремено сместување.
Инаку, во светот многу е развиено производството на монтажни куќи (префабрицатед хоусес).
Најмногу оваа гранка е развиена во САД, а во Европа во Скандинавските земји.
Европскиот начин на градба на монтажни куќи ( во кој спаќа и нашата компанија ЛИНЕК дом ) се одликува со тоа што при монтажа на куќата се вградуваат комплетно фабрично составени плочи (ѕидови) кои во себе ги содржат и надворешната и внатрешната оплата, изолацијата, па дури и прозорците таму каде што треба да ги има.
Основните носечки елементи кај овој тип на градба се составени од дрвени елементи.
Американскиот начин побргу би се нарекол градба на полумонтажни куќи. Кај овој начин монтажата на куќата започнува со монтажа на фабрично подготвените носечки елементи (доста често изработени од челични профили), додека оплатите и изолацијата се вградуваат после тоа.